Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Делегација од Република Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ ќе го врачи на премиерот Зоран Заев првиот контингент вакцини кои Србија и ги донира на Македонија.
Од Владата велат дека на примопредавањето ќе биде денска во 10 часот на граничниот премин Табановце, ќе учествува претседателот Александар Вучиќ, а негов домаќин ќе биде премиерот Зоран Заев.
Пратката вакцини од Србија требаше да пристигне пред неколку дена но беше одложено поради технички причини.
Станува збор за 8.000 вакцини од „Фајзер“ кои ни ги отстапува Србија, а кои неколку недели чекаа на одобрение од производителот во земјава.