Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Православните верници денеска го слават празникот на Христовото вознесение - Спасовден.
Овој празник се празнува 40 дена по Велигден и секогаш се паѓа во четврток. Четириесет дена по воскреснувањето, Исус Христос им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност.
“Делото за кое дојде Господ се завршува токму на овој ден што го празнуваме. Тоа е таа човечка природа да се вознесе близу до изворот на животот, од десната страна на Бога. Тука има едно ветување од страна на Христа, кој си заминува, но ќе го испрати духот свет, третото лице од Света Троица кој ќе биде постојано со нив, постојано во црквата да поучува, утешува, да лекува. Овој празник претставува круна на сите оние празници кои претходеа и постот“ - вели отец Игор Здравковски, лице за односи со јавност во Кумановско-осоговска епархија.
Спасовден се слави во селата Пчиња, Романовце и други населени места во кумановско.