Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Црквата "Св.Тројца" или попозната во народот како „Нова црква„ денеска го слави својот светец. По тој повод во црквата се одржа свечена литургија со која чиноначалствуваше владиката полошко-кумановскиот Кирил, а програмата беше збогатена со црковени песни.
Драго ми е што денеска имам чест да присуствувам во мојот крај и да се помолам за моите верници и за нивното спасение. Прочитав повеќе житија за Светото Тројство, но и за Св."Кирил и Методија" и нашите просветители, учители и творците на огромни епохални дела, значајни не само за нашиот македонски народ, туку и за сите словенски народи - рече владиката Кирил.
На свечаната литургија покрај многуте верници присуствуваа: градоначалникот со неговите соработници и гостите од Марибор.
Денеска се слават два значјни празника за македонскиот народ и чест ми е што сум тука со моите сограѓани и заедно со нив сакам да ја споделам оваа радост на најдостоинствен начин. Тука имаме гости и од Словенија, така да со тоа уште повеќе е збогатена оваа прослава - рече градоначалникот Зоран Дамјановски.
Празникот „Света Тројца„ се славеше и во селото Скачковце.
Манастирската управа секоја година организира голема општонародна прослава по повод денот на манастирот „Света Тројца„, која секогаш се паѓа во првиот понеделник по Духовден. Оваа година имаме двоен празник и по повод денот на македонските просветители "Кирил и Методија" кој од годинава е прогласен и за неработен ден, па затоа и посетеноста е зголемена - рече прота Стојан Пајковски.
Во Скачковце секоја година се зголемува бројот на верниците кои доаѓаат од сите краишта на Македонија.
Света Тројца се слави како селска слава и во повече кумановски села.