×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денеска започнува изборната кампања за локалните избори - ќе трае до 15 октомври

    27.09.2021 06:03 | Сузана Николиќ

    Изборната кампања за локалите избори закажани за 17 октомври почнува денеска (27 септември) и ќе трае 20 дена, односно до 15 октомври пред полноќ.

    Денеска започнува изборната кампања за локалните избори - ќе трае до 15 октомври

    Во Куманово за градоначалничката фотеља ќе се тркаат петмина кандидати: Оливер Илиевски од СДСМ, Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ, Максим Димитриевски независен кандидат, Теодора Димитровска - ЛДП и ДОМ и Беким Салиу - Алијанса на Албанците и Алтернатива.

    За листата на советници која ќе брои 33 члена има дури 429 кандидати на 13 советнички листи.

    Носители на листите за советници се: Атина Мургашанска - СДСМ, Елена Доцевска Божиновска - ВМРО-ДПМНЕ, Ивана Ѓорѓиевска - независна листа „За наше Куманово“, Арта Мехмети Адеми - ДУИ, Виолета Арсовска - Интегра и Мак, Сунчица Павлова - Единствена Македонија, Сузана Ѓорѓевиќ - независна листа „За чисто и хумано Куманово“, Никола Лазаревски - Левица, Хуљуси Асипи -  Беса, Валентин Ефремовски - ЛДП и ДОМ, Милош Стаменковиќ - независна листа „Фронт за урбано Куманово“, Аљиљ Куртиши - ДПА и Дритон Сулејмани - Алијанска на Албанците и Алтернатива.

    Учесниците на изборите, политичките партии и независните кандидати веќе го најавија почетокот на кампањата,  и за денеска ги закажаа првите официјални средби со новинарите.

    Во 10 часот прес ќе одржи независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, а во 11 часот кандидатката на ЛДП и ДОМ Теодора Димитровска.

    Доколку ниту еден од кандидатите за градоначалник не освои потребен број на гласови, вториот круг на изборите ќе се одржат на 31 октомври, а кампањата за втор круг ќе трае до 24 часот на 29 октомври.