×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денови на документарен филм од понеделник

    14.06.2013 14:36 | KumanovoNews

     Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ почнувајќи од понеделник па се до петок граѓаните ќе можат да гледаат документарни филмови во рамки на “Денови на документарен филм 2013“.

    Денови на документарен филм од понеделник

    Во понеделник ќе бидат прикажани филмовите “Трагачи по звукот“ на режисерката Сузана Диневски и “Плати и жени“ на Атанас Георгиев. Во вторник ќе се емитуваат филмовите “Волшебниот рид“ на Петар Џуровски и “Шарски зраци“ на режисерот Арбен Тачи. Во среда ќе се прикажуваат “Чедо“ во режија на Аљоша Симјановски и “Корен“ во режија на Ацо Ристовски. Филмовите “Шнајдерки“ на Билјана Гарванлиева и “Нашите во Стамбол“ на Елизабета Конеска ќе бидат емитувани во четврток. “Далеку од дома“ на режисерот Чедо Поповски и “Луѓе без земја“ на режисерот Марко Ѓоковиќ се документарците кои ќе се прикажат во петок.

    Според програмата, сите филмови почнуваат во 20 часот, а влезот е бесплатен.