Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Градскиот плоштад во Куманово во четвротк ќе започне саемската манифестација „Денови на мед“, која ќе трае три дена.
Годинава се најавени рекордни 27 излагачи, 25 од нив производители на мед и пчелини производи од градот и по еден од Штип и Скопје. Свеченото отворање е во четврток во 10 часот.
„Ова година имаме рекорден број на излагачи. Направивме напори и со меѓусебен договор останува и минатогодишната цена од 600 денари за тегла мед и покрај покачувањата на трошоците. Со тоа излегуваме во пресрет на потрошувачите и заинтересираните,а традиционално очекуваме добра посетеност и љубопитност од сограѓаните. Се надеваме дека и временските услови ќе ни одат на рака, што го потврдува и временската прогноза“, изјави Бобан Стошевски,претседател на здружението „Пчела“ од Куманово.
Саемот на мед и пчелини производи ќе биде отворен од 10 до 20 часот во четвртокот и петокот, а во сабота ќе заврши во 14 часот.