×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денови на медот во Куманово по 22 пат

    06.10.2022 20:19 | Оливера Пешевска

    Околу 20-тина производители на мед и пчелни производи учествуваат на  тридневната манифестација ,,Денови на медот”, која се одржува по 22 пат на Градскиот плоштад, во  организација на Пчеларското друштво ,,Пчела” од Куманово.

    Денови на медот во Куманово по 22 пат

    Пчеларите им ги нудат на сограѓаните своите производи од годинешната реколта, а штандовите со мед и пчелни производи ќе останат   на плоштадот и во наредните два дена, каде посетителите можат да се запознаат со богатата презентација, да вкусат или да купат од овој еликсир за здравјето.

    „Оваа пчеларска манифестација има долга традиција на која се презентираат квалитетни производи на нашите пчелари. На годинешново издание им се заблагодаруваме на нашите најискусни членови, ветерани и учители од кои многу научивме. Им посакаме долг и меден, сладок живот за да им пренесат уште знаење на нашите млади пчелари”, истакна Бобан Стошевски, претседател на кумановското здружение ,,Пчела“, кое постои веќе 51 година.

    Манифестацијата ја отвори претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска , која подвлече дека пчеларите се луѓе со многу смирен темперамент.

    ,,Пчеларите се луѓе со ведар дух. Тие се релаксирани, секогаш позитивни, а тоа не е до човекот, туку до медот. Секое утро доволно е по лажичка мед за да бидеме здрави и вредни како пчелите. Имаме со кого да се гордееме, со нашите кумановци-медари”,  рече Ѓорѓиевска.     

    Здружението додели благодарниците на пчеларите кои се цели 40 години нивни членови и се занимаваат со одгледување на пчели и производство на мед. Посебен медал беше доделен на Бранко Тасевски, кој 50 години е активен член на пчеларското здружение.

    На манифестацијата учествуваат производители  од регионот, а покрај изложбен, таа има и продажен карактер. Ова е можност изложувачите да разменуваат искуства и да се надоградуваат со знаења од поискусните колегите. Сите заинтересирани ќе имаат можност да се прошетаат и да се запознаат со една од најздравите намирници-медот,прополисот но и новитети како што е медот со вкус на јагода, мелеми од пчелин восок со додаток на лековити травки то лекуваат изгореници или кожни болести. Цената на тегла мед се движи од 600 денари па нагоре.                             

    Манифестацијата ја збогатија дечињата од ОУ ,,Христијан Тодоровски Карпош”, кои изведоа пригодна програма што ги симболизира пчелите и нивните прозиводи.