Дератизација на канализационата мрежа во Куманово
26.06.2023 10:38
| KumanovoNews
Од денеска до среда, /26 до 28 јуни 2023/ од 08:00 до 16:00 часот , ќе се врши дератизација на канализационата мрежа на територија на општина Куманово.

„При постапката ќе се користи препарат дератион парафинато. Во случај третманот да не се изврши во предвидениот период, поради неповолните временски услови, истиот ќе биде одложено за наредниот ден. Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на третираните површини“, соопшти Општина Куманово.