Десетмина кумановци славеле во стан во центарот на градот, добиле кривични пријави
08.01.2021 12:11
| KumanovoNews
Во СВР Куманово, ноќеска во 1.45 часот, било пријавено дека во зграда лоцирана во центарот на градот имало поголема група граѓани кои ги вознемирувале станарите.

Од страна на полициските службеници е влезено во станот во кој биле затекнати 10 лица и било утврдено дека се работи за кривично дело Непостапување според здравствени прописи за време на пандемија“.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.