Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Ѓ.Џ. (33) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете”.
„Во јуни 2023, пријавената ја запоставила својата родителска должност за грижа и воспитување на нејзиниот малолетен син и на тој начин придонела тој во два наврата да изврши кражби на подрачјето на Куманово“, објави МВР.