Дете од Куманово повредено од заталкан куршум
25.05.2023 12:17
| KumanovoNews
Четиринаесет годишно дете било погодено во нога од заскитан куршум.

Случајот е пријавен во полицита откако малолетникот е донесен во кумановската болница. Обвинителството отвори истрага за да се утврди сторителот.
„На 23.05.2023 во 14.22 часот во СВР Куманово, од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив бил донесен малолетник на возраст од 14 години од Куманово со повреда во пределот на левата нога од заталкан куршум. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.