×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Девет граѓански организации добија поддршка од општина Крива Паланка

    20.04.2021 10:09 | KumanovoNews

    Општина Крива Паланка обезбеди финансиска поддршка за реализација на проекти на вкупно 9 граѓански организации, во рамки на Програмата за поддршка на здруженија и фондации за 2021 година.

    Девет граѓански организации добија поддршка од општина Крива Паланка

    Годинава, поддршка добија Планинарско-спортскиот клуб „Руен“, КУД „Карпош“, Здружение за спасување и помош – Служба за спасување „Спасител“, КУЗ „Фолклористи“, Спортско-рекреативен и риболовен клуб „Мрена“, Здружение на жени земјоделки, сточарки и домаќинки „Агропаланчанка“, Извиднички одред „Наум Наумовски Борче“, КУЗ „Распеани Паланчани“ и Еколошко акцијашко друштво „Осоговски акцијаши“.

    Граѓанските организации веќе ги потпишаа договорите за доделените грантови, добиени врз основа на Јавен повик за поднесување на пријави за финансиска поддршка за користење на средства од буџетот, процес на евалуација и селекција и транспарентна постапка.

    Вкупниот буџет изнесува 1,2 милиони денари, наменети за акции во областа на подобрување на условите за живеење на социјално маргинализираните лица, активности за креирање и имплементација на младински политики и потреби, културно - историското наследство, заштитата на животната средина и локалниот економски развој.

    Вредноста на поединечните грантови, пак, се движи од 30.000 до 60.000 денари.

    „Временската рамка за спроведување на проектите е до крајот на календарската година, а корисниците на средствата имаат обврска на транспарентен начин, по реализација на проектните активности, во рок од 30 дена да достават наративен и финансиски извештај за оправдување на искористените финансии, што пак, ќе биде еден од основените предуслови  за повторно аплицирање следната година“, велат од Oпштината.

    (Ж.Ц.)