Девојки претерале со алкохол
01.01.2012 16:28
| KumanovoNews
Во текот на ноќта во СВР Куманово не биле пријавени поголеми нарушувања на јавниот ред и мир. Од полицијата велат дека новогодишната ноќ поминала исклучително мирно.
Во Итната помош имале 10 интервенции, од кои 6 биле за труење со алкохол. Во еден случај било интервенирано на Градскиот плоштад, кога момче колабирало од прекумерна употреба на алкохол. А пет малолетни лица, сите девојки биле донесени во Итна помош, исто така поради труење со алкохол. Сите се пратени на интерното одделение на детоксификација.
Други проблеми во новогодишната ноќ не се регистрирани.