×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дезинсекција против крлежи во Куманово

    26.04.2021 08:23 | KumanovoNews

    На подрачјето на Куманово утре и задутре ќе се изврши дезинсекција на крлежи на јавни површини.

    Дезинсекција против крлежи во Куманово

    Прскањето ќе се врши во раните утрински часови, од 5.30 до 8 часот, а третираните места ќе бидат видно обележани.

    „Дезинсекцијата ќе биде спроведена во втoрник и среда на јавните зелени и цветни површини во градот, со акцент на зеленилото покрај градскиот кеј, јавните институции и установи, плоштадот и градските паркови. Третираните површини ќе бидат видно одбележани и не се препорачува подолг престој на површините како за луѓе така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот. Целта на овој третман е спречување на ширење на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите“, соопштуваат од Општина Куманово.

    Доколку, временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш истата ќе биде одложена за наредниот ден.