×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДИК: До 9 часот излезноста е 3.28 отсто

    17.10.2021 09:05 | Сузана Николиќ

    На седмите Локални избори до 9 часот гласале 23 илјади граѓанани, што значи дека излезноста е 3.28 отсто, рече на прес-конференција претседателот на ДИК Александар Даштевски. 

    ДИК: До 9 часот излезноста е 3.28 отсто

    Во одредени избирачки места се појавиле потешкотии околу ракувањето со уредите, дел од нив се веќе надминати, а дел тековно се отстрануваат со помош на техничките лица.

    „Во некои избирачки места заради лоши отпечатоци не можат да се препознаат гласачите, гласањето тече со оставање на отпечаток во харитениот избирачки список во кој се запишани гласачите и им се овозможува да гласаат понатаму“, соопшти Даштевски.

    ДИК ги известила сите општински изборни одбори како да постапат ако имаат проблеми со уредите, и дека им е напоменато оти стариот начин на гласање со спреј и ув-лампа се применува само во случај ако уредот за биометриска иднетификација е неупотреблив или нема можност за негова замена.

    Cпоред законското правило, гласањето се продолжува за онолку време колку што е прекинаото, но не повеќе од три часа.

    Право на глас имаат 1.824.864 гласачи, што е најмногу од сите локални избори досега и пораст од 10.220 гласачи во однос на изборите во 2017. Ќе се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.