Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Независниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово Максим Димитриевски од граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“, вечерва беше на средби со жителите од Б.С Гојчо, Панче Пешев и село Проевце.
На средбата, заеднички беше разговарано за реалните приоритети и потреби на граѓаните. Димитриевски, им се заблагодари на жителите од овие населени места за поддршката која му ја даваат во целиот овој изминат
период.
„По победата на 17- ти октомври, ќе продолжиме да ги решаваме комуналните проблеми на граѓаните во целата општина, зајакнувајќи ги подеднакво урбаните и руралните средини, затоа што нема силен град без силно село. Граѓаните на претстојните локални избори имаат единствен и вистински избор, а тоа е глас за иницијативата „За Наше Куманово“, - изјави Димитриевски.
Максим Димитриевски, денеска оствари средба и со членовите на Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав Куманово.
Тој се сретна и со претставници од Регионалната занаетчиска комора Куманово, на која се дискутирало за промоција и развој на занаетчиството, како и други теми од оваа област.
„Занаетчиите се вредноста во нашето општество. Мора да се трудиме да направиме сè што е во рамки на нашата должност за да го подобриме овој сегмент, со повеќе стимулативни мерки и програми за развој. со комората имаме одлична соработка, која продолжува и понатаму“, истакна Димитриевски.