×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски и СДСМ за 4 години не направија ништо, па сега воскреснуваат рециклирани ветувања, обвини Давидовиќ

    06.07.2021 12:38 | KumanovoNews

    Максим Димитриевски и СДСМ ветуваа европско Куманово и многу капитални проекти, а зад себе оставија огромна нула. За волја на вистината, освен монтажната катната гаража во центарот на градот, која видно го обезличи и нагрди ценарот на Куманово, други проекти не видовме, кажа портпаролот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Милан Давидовиќ на денешната прес-конференција.

    Димитриевски и СДСМ за 4 години не направија ништо, па сега воскреснуваат рециклирани ветувања, обвини Давидовиќ

    „Димитриевски е еден од малкуте градоначалници кој нема започнато ниту еден капитален проект во својот мандат, а патем да има потрошено 4 годишни буџети кои заедно тежат околу 115 милиони евра. Нема ново основно училиште, нема нов цевковод Липково - Куманово, со кој требаше на долг рок да се реши проблемот со водоснабдување, ги нема никаде ветените пет катни гаражи во градот, со кои требаше на долг рок да се реши проблемот со паркирањето, а го нема и долговетуваниот Генерален урбанистички план за општина Куманово. Нема нови детски градинки, нема проширување на гасификацијата и на крај нема почист воздух за кумановци. Сето тоа остана само напишано на хартија во програмата на Димитриевски и СДСМ“, рече Давидовиќ.

    Тој смета дека на Куманово му е потребна нова енергија, нов концепт, нови луѓе со вистински идеи и проекти, и сигурна реализација на истите, кои . на претстојните локални избори ќе ги понуди ВМРО-ДПМНЕ.