×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски ја напушти седницата за советнички прашања, се скараа со Мургашанска за деловникот за работа

    22.02.2021 12:40 | KumanovoNews

    Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, ја напушти седницата на советнички прашања откако со претседателката на Советот , Атина Мургашанска, двајцата од СДСМ, се скараа околу деловникот и правилата за водењето на седницата и правото на советниците да ги коментираат неговите одговори.

    Димитриевски ја напушти седницата за советнички прашања, се скараа со Мургашанска за деловникот за работа

    Димитриевски побара од  Мургашанска да не им дозволува на советниците премногу да се изјаснуваат по неговите одговори и да водат политика, бидејќи тоа не го дозволува процедурата.

    „Ве опоменувам претседателке, бидејќи овде чекав час и половина, ќе ве молам седницата да ја туркаме во правилна насока, а тоа значи задоволен, незадовоен одговор. Гледате дека одговорам крајно транспарентно и одговорно, ако ми поставите едно одговорам на пет теми, за да дојдат што повеќе информации до јавноста, немам намера ништо да сокријам“,  искоментира Димитриевски.

    По ова забелешка, Мургашанска му одговори дека чекал час и половина да почне седницата, затоа што на претходното продолжение во петокот не отседел до нејзиниот крај, па советниците морале да дојдат денеска, иако претходно имале свои обврски.

     „Ние во петокот бевме спремни да седиме до крајот на денот и да ја завршиме седницата, за да ви излеземе во пресрет да ги завршите ваши ненадејно појавени обврски, а предходно бевте консултирани. Затоа не е коректно и не можете да ми префрлате ниту на мене, ниту на било кој член на Советот. Во однос на втортата забелешка дека премногу им дозволувам на советниците да ве потпрашуваат и да поставуваат дополнителни прашања, не сте во право, и жалам бидејќи и вие седевте на ова место, бевте претседател на Советот. Секој советник има право да постави дополнително прашање и да изрази кусо задоволство или незадоволство. Ниту еден од советниците тоа не го прекрши и затоа не реагирав“, рече Мургашанска.

     На ова,  Димитриевски реагираше уште пожестоко, бараше да се почитува неговото и времето на општинската администрација, како и интегритетот и дигнитетот на градоначалникот, а и  понатаму тврдеше дека се крши деловникот и се води политичка дебата. По ова  побара пауза од половина час додека советниците да се договорат и да се искординираат, по што ја напушти седницата.

    Претседателката побара од градоначалникот да ја почитува процедурата и тој да не ја користи говорницата за политичка промоција. Потоа го прочита правилата и обврските на деловникот за работа на Советот. По ова беше дадена получасовна пауза во работата на Советот.

    (С.Н.)