×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски: Јас имам само една коалиција, тоа се граѓаните

    23.10.2021 20:31 | Сузана Николиќ

    „Срамни се обвинувањата на СДСМ Куманово кои се однесуваат на мојата кандидатура за градоначалник на претстојните локални избори, каде велат дека сум склучил пакт со злото“, се огласи Максим Димитриевски по обвинувањата од СДСМ.

    Димитриевски: Јас имам само една коалиција, тоа се граѓаните

    „Како независен кандидат за градоначалник побарав поддршка од сите граѓани. Побарав поддршка од сите политички партии во нашата земја. Очекувам поддршка деновиве да ми даде и мојата политичка партија СДСМ, членовите и симпатизерите од ДОМ, ЛДП, Коалиција на Албанците и Алтернатива, како и сите останати политички субјекти од македонскиот и албанскиот блок. Јас имам само една коалиција, а тоа е коалицијата со граѓаните“, стои во соопштението на Димитриевски.

    Тој вели дека изминатите денови се сведоци на невидени притисоци, злоупотреби, обиди за поткуп и дискредитација на членови од нашата граѓанска иницијатива „За наше Куманово“, што е недозволиво.

    Се надевам дека примерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе го следат и сите останати.