×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски најави изградба на нов објект за гимназијата „Сами Фрашери“

    29.10.2021 15:03 | Сузана Николиќ

    Tрајно решавање на проблемот со објектот на гимназијата „Сами Фрашери“ и на техничкото училиште „Наце Буѓони“, со настава на албански јазик, најави независниот кандидат за градоначалник на Куманово, од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, Максим Димитриевски на денешната прес-конференција.   Тој обвини дека актуелната власт предводена од ДУИ веќе 20 години раководи со Министерството за образование и досега и не го решила проблемот, па сега предизборно излегуваат со лажни ветувања.

    Димитриевски најави изградба на нов објект за гимназијата „Сами Фрашери“

    Димитриевски рече дека е изготвен идеен проект, а дополнително беше направен и изработен ДУП за една од можните локации во поранешна Касарна, „Христијан Тодоровски Карпош“.

    „По добивање на изборите во недела, заедно со новото мнозинство во Советот коешто ќе го сочинуваат членовите на советничката група „За наше Куманово“, членовите на „Алтернатива“ и „Алијанса“ ќе седнеме во соработка со претставници со родителите во училиштето и управните органи на училиштето ќе продискутираме и одлучиме каде ќе биде новата локација на училиштето, а дополнително ќе го доработиме проектот целосно во градежен проект, во буџетот за 2022 година и 2023 година ќе предвидиме почетни средства за инвестиција и со сопствени средства Општина Куманово ќе влезе во оваа инвестиција трајно да го реши овој проблем“, кажа Димитриевски.

    Тој вели дека доколку, ресорното министерство продолжи да не игнорира и да не дозволува да се дадат наменски средства во форма на капитални инвестиции, ќе побараат помош од граѓаните и училиштето ќе се гради со месен самодопринос.

    Паралеките на албански јазик од гимназијата „Сами Фрашери“ и техничкото училиште „Наце Буѓони“ посетуваат настава во поранешната зграда на ЗИК.