Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кандидатот за градоначалник на Куманово од независната листа „За наше Куманово“, Максим Димитриевски, најавува дека доколку ја добие поддршката на граѓаните ќе реализира повеќе од 800 проекти.
„Ве повикувам сите, на 31-ви октомври да ни дадете поддршка за да продолжиме со унапредување на Куманово. Во изминатиот период реализиравме 400 проекти, а нашиот план и амбиции во следниот мандат е да реализираме повеќе од 800 проекти, кои значат подобрување на квалитетот на живот на кумановци. Ајде, заеднички да продолжиме да го
развиваме слободарско Куманово!“, порача Димитриевски.