×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски останува градоначалник - слави победа на Градскиот плоштад во Куманово

    31.10.2021 21:38 | Сузана Николиќ

     Назависниот кандидат за градоначалник и актуелен градоначалник Максим Димитриевски, вечерва прогласи победна во вториот круг на локалните избори и заедно со своите приврзаници слави во Куманово. Тој кажа дека сето тоа што било кажано во кампањата ќе биде и реализирано, затоа што се работи за остварливи проекти.

    Димитриевски останува градоначалник - слави победа на Градскиот плоштад во Куманово

    „Сакам да се заблагодарам во оваа прилика на сите кумановчани кои денес успеаја да се одважат и да излезат на избори, да се заблагодарам на секој еден добиен глас. Тоа е уште една обврска плус. Успеавме да победиме со еден лаптоп, со еден фотоапарат и со многу граѓанска поддршка. Благодарен сум на сите за наше Куманово. Од Куманово почнале големи општествени промени во минатото, и така ќе продолжиме заедно со граѓаните да го градиме Куманово како поубаво место за живеење и да ја вратиме демократијата и во политиката и во државата“, изјави Димитриевски.

    На новинарско прашање дали ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ во Советот, кои му дадоа поддршка на изборите, Димитриевски не одговори прецизно, туку кажа дека тие победиле со граѓаните на Куманово.

    „Ние не ги делиме граѓаните на лево и десно, и кој на која политичка партија, етничка и верска заедница припаѓа. Кумановци се кумановци и не можат да бидат друго. Јас сум благодарен на сите политички субјекти коишто отворено дадоа поддршка на нашиот концепт „За наше Куманово“, кој е позитивен пример не само во Куманово туку и во Македонија“, изјави Димитриевски. 

    За поразот на локалните избори на СДСМ, Димитриевски кажа дека треба да го прашаат лидерот Зоран Заев, бидејжи тој ја носи одговорноста заедно со тимот околу него.

    Димитриевски освои околу 25.000 гласови наспроти Оливер Илиевски кој освои 19.000 гласа. Во првиот круг двајцата освоија по околу 14.000 гласови, но во вториот круг  Димитриевски доби поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата на Албанците.