×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски побара поддршка од граѓаните: Куманово секогаш билo предвесник на промените

    15.10.2021 14:56 | Сузана Николиќ

    „Куманово заслужува да продолжи да се развива и да се шири. Куманово секогаш во својата историја бил предвесник на одредени промени. Ајде заедно да продолжиме да го градиме наше Куманово. За мое, за твое, за наше Куманово - сите заедно на 17-ти октоври да покажеме дека Куманово секогаш бил град на непокор и град којшто предизвикувал сериозни промени на подобро во нашето општество”, порача Максим Димитриевски, кандидат за градоначалник на Куманово на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“.

    Димитриевски побара поддршка од граѓаните: Куманово секогаш билo предвесник на промените

    Димитриевски, обраќајќи се на своите сограѓани повика на поддршка за претстојните избори во недела.

    „Во недела одлучуваме и за иднината на нашиот град. Дали во следните 4 години Куманово ќе продолжи да се развива и шири, да се трансформира во еден модерен, урбан и чист град којшто нуди перспективни. Ве повикувам во недела на 17-ти октомври сите масовно да излезете на гласање за претстојните локални избори и да ја дадете својата поддршка за концептот „За наше Куманово”, за мене како ваш сегашен и иден градоначалник под реден број 80 и за советничката листа „За наше Куманово” - граѓанска иницијатива предводена од Ивана Ѓорѓиевска и реден број 61“, порача Димитриевски.