×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски: Продолжуваме со решавање на комуналните проблеми во Агино село, Романовце и Бедиње

    09.10.2021 21:14 | Сузана Николиќ

    Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, вечерва оствари средба со жителите од Агино село, Романовце и Бедиње каде беа потврдени приоритети за подобрувањето на живот на кумановци.

    Димитриевски: Продолжуваме со решавање на комуналните проблеми во Агино село, Романовце и Бедиње

    „Во следниот мандат продолжуваме со решавање на комуналните проблеми и изградба на инфраструктура, кои се важни за функционирање на граѓаните на Куманово. Ќе направиме реконструкција на водоводна мрежа на улица „11 Ноември“ до населба Бедиње. Планираме изградба на фекална канализација во село Романовце со прочистителна станица, фекалната канализација во село Режановце, село Горно Којнаре и уште многу други проекти на повеќе локации. По 17-ти октомври следува изградба на патот од Агино село до село Брзак и пробивање на патот до село Романовце. Во образовниот процес, предвидуваме замена на дел од кровна покривка во основното општинско училиште „Кирил и Методиј“ во Романовце, како и реконструкција на подрачното училиште во Агино село и изградба на нови современи спортски терени. Исто така, следува и реконструкција на училишна фасада на ООУ „Толи Зордумис“. Ги подобруваме урбаните и рурални средини во општината, придонесуваме за подобар, побрз и помодерен развој за мое, за твое, за наше Куманово!“, порача Димитриевски.