×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски си ги припишува заслугите на Владата на своја сметка, кажа Мургашанска

    21.10.2021 21:07 | Сузана Николиќ

    Владата ги врати спортската сала и Соколана во владение на Општината и обезбеди средства за нејзина реконструкција, кажа носителката на листа на СДСМ и досегашна претседателка на Советот, Атина Мургашанска на денешната прес конференција.

    Димитриевски си ги припишува заслугите на Владата на своја сметка, кажа Мургашанска

    Таа вели дека градоначалникот Димитриевски постојано зборува во прво лице еднина, а заборава дека токму Владата и досегашнот Совет на Општина Куманово беа со него во донесувањето на значајни одлуки за Куманово. 

    „Тоа што некој се обидува да си ги припише заслугите на Владата на своја сметка е чиста манипулација за кумановската јавност. Пред да се закити некој со заслуга, најпрвин треба да даде образложение и да го покаже својот придонес на дело. Објектот спортска сала e еден од одбележјата на градот, многу добро знаете дека е вратен во владение на Општина Куманово од страна на Владата предводена од СДСМ. Истиот овој објект започна со својата реконструкција.Изминативе денови започна кровната реконструкција за која дел од средставата се обезбедени преку проект на Североисточниот плански регион, а дел преку програмата на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој“, кажа Мургашанска.

      Таа ги повика граѓаните да излезат на 31-ви на гласање, но пред тоа да ги погледнат фактите и делата кои зборуваат за заслугите на кадидатите за градоначалник.