×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски со честитка за Денот на македонската револуционерна борба

    23.10.2022 16:31 | Сузана Николиќ

    Градоначалникот  на Куманово Максим Димитриевски го честиташе „Денот на македонската револуционерна борба – 23 Oктомври“ на сите граѓани, истакнувајќи дека на овој ден се потсетуваме на пожртвуваноста и упорноста на нашите претци, на големата борбата за слобода и независност на Македонија.  

    Димитриевски со честитка за Денот на македонската револуционерна борба

    „ВМРО е генотипот на секој Македонец, желбата за сопствена државност, борба и саможртва за Македонија, АСНОМ е континуитетот на таа идеологија која резултира со создавање своја држава, рамноправна федеративна единка. Ова се свети симболи за македонскиот народ кои им припаѓаат на сите граѓани, претставувајќи ја истрајноста на нашиот народ во борбата за слобода и независност. Нашата љубов и почит кон татковината е заедничка, така било, така е, така и ќе остане засекогаш", стои во честитката на Димитриевски.

    Тој истакна дека сплотени мораме да продолжиме да чекориме по патот на нашите револуционери, да ги унапредиме сите општествени сфери и да обезбедиме можност за подобар живот на сите граѓани, во моменти кога сме и најмногу потребни на нашата Македонија.