×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски со поддршка од ДУИ го изгласа ДУП-от на својот кум, Обвинителството да отвори предмет, бара Левица

    07.05.2025 10:50 | KumanovoNews

    Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, го остави својот најскандалозен детален урбанистички план (ДУП) за крајот на мандатот, очигледно, стравувајќи дека нема да има шанса да го протурка по истекот на функцијата, велат од партијата Левица.

    Димитриевски со поддршка од ДУИ го изгласа ДУП-от на својот кум, Обвинителството да отвори предмет, бара Левица

    „Станува збор за ДУП-от за урбаната заедница „Тоде Мендол“, каде што клучната парцела (првично во сопственост на татко му и братучед му на градоначалникот Димитриевски), преку низа трансакции преминува кај неговиот кум, а на крај завршува во рацете на „Лидл“, по неверојатна цена од 600.000 евра. Цената во големи размери ја надминува реалната пазарна вредност за земјиште од трета категорија, што отвора сериозни сомнежи за класична коруптивна зделка.

    Процедурата во Советот на Општината беше исто толку контроверзна. Пред две недели, ДУП-от првично беше ставен на дневен ред, а клучниот, одлучувачки глас дојде од советникот на ЗНАМ, Дарко Митевски - брат на кумот на Димитриевски. По јавната реакција и притисокот од кумановската јавност, Димитриевски привремено ја повлекува точката, наводно за да си ги „испере рацете“. Но, на наредната седница, ДУП-от повторно е ставен на гласање, овој пат без присуство на Митевски, и поминува со поддршка од ЗНАМ, ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и, клучно, со пресудните 4 гласа од ДУИ.

    Ова сценарио јасно ја покажува веќе проверената шема: кога треба да се изгласа криминал, ЗНАМ, ДПМНЕ, Вреди и ДУИ делуваат како една иста власт. Иако декларативно од различни табори - тие веќе четврта година заеднички ја држат под контрола Општина Куманово и ги спроведуваат своите договорени зделки на штета на јавниот интерес.

    Левица најостро се спротивставува на овој скандалозен ДУП и алармира до Обвинителството итно да отвори постапка за испитување на целата зделка - од трансакциите со земјиштето, до можни сомнителни приливи на сметките на советниците на ДУИ и останатите замешани страни“, стои во соопштението на Левица.