×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски за 4 години нема реализирано ниеден капитален проект, обвини Божиновски

    24.04.2021 14:41 | KumanovoNews

    Безидејност, неработење и континуирано лажење, неспособност во секоја сфера и изневерени очекувања, се заеднички именител за сите градоначалници на СДСМ, а Максим Димитриевски е тотално промашување во раководење со градот, бидејќи за 4 години не успеа да реализира ниту еден капитален проект ветен пред изборите, затоа што голем дел од мандатот го потроши во внатрепартиска битка со останатите функционери на СДСМ од Куманово, обвини на денешната прес-конференција членот на централниот комитет и организационен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Божиновски.

    Димитриевски за 4 години нема реализирано ниеден капитален проект, обвини Божиновски

    Тој вели дека градоначалникот потрошил над 7 милијарди денари буџетски средства на Општина Куманово, но не ги изградил ветените две детски градинки и ново основно училиште.

    „Но, тоа не му пречеше да купи нови службени возила, кои не ги вети пред изборите. Капиталната, помпезно најавена инвестиција, цевководот Куманово-Липково најверојатно ја заборави, ама кумановци, посебно оние кои кубурат со вода и по некоку месеци секоја година, многу добро го паметат. Максим вети 5 катни гаражи, ама постави железна монтажна грдосија и ругло за центарот на градот“, изјави Божиновски.

    Според него, состојбата со сообраќајот и паркирањето во Куманово е уште полоша од претходно, а нема најави ни дека наскоро ќе се реши.

    „На фанфари  Максим го најави новиот Генерален урбанистички план, ама ни тој не ја виде светлината на денот, исто како ветената реконструкција и осовременување на градскиот плоштад, со обновување на околните фасади и нивно осветлување, исто како пешачкото поврзување на двата плоштада, исто како мноштвото други ветувања од пред четири години. Куманово стана еден од најзагадените градови во Европа, наспроти сите лажни и ветувања од изборната програма и кампања за чист воздух, вода и здрава животна средина“, смета Божиновски.

    Тој додаде дека деновиве градоначалникот има и дополнителни главоболки, бидејќи Државната комисија за спречување на корупција, отворила предмет за сомненија за финансиски криминал во Општина Куманово, а свиркач на социјалните мрежи објавил список за непотизам при вработувањата во Општина Куманово.

    (С.Н.)