×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дирекција за лични податоци со конкурс за основците

    18.11.2013 09:38 | KumanovoNews

    Дирекцијата за заштита на лични податоци во соработка со Просветно дело распиша ликовен и литературен конкурс за основци на тема “Приватноста е моја, иако сум дете“.

    Дирекција за лични податоци со конкурс за основците

    Учениците можат да конкурираат со приказна, духовита творба или цртеж. Ќе бидат доделени 18 награди плус уште 6 награди и тоа за: креативност, оригиналност, хумана димензија, визија за иднината, интеркултурализам и најдобар офицер за заштита на личните податоци.

    Наградените творби ќе бидат објавени во детските списанија “Развигор“, “Другарче“ и “Наш свет“, а на 28 јануари наградените ученици ќе учествуваат на Националната конференција по повод Европскиот ден за заштита на лични податоци. Целта е преку овој конкурс кај младите да се подигне свеста за заштитата на личните податоци.

    Конкурсот е отворен до 31 декември годинава, а творбите треба да се испратат на адреса на Дирекцијата за заштита на лични податоци во Скопје.