Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Директори, секретарки, раководители, новинари, актери, шалтерски службеници, политичари, професори и работници се наоѓаат на списокот попишувачи од јавната и државна администарција. Затоа посредете по дома и дотерајте се, не се знае која позната личност од градот ќе ви дојде на попис
Половина од вработените во јавните и државни претријатија во градот се на листата на попишувачи за општините Куманово, Старо Нагопричане и Липково. Меѓу нив се директори, секретарки, раководители, службеници, новинари и работници. Сите се во чудо како ќе се снајдат, бидејќи сеуште не поминале никаква обука, а до почетокот на пописот останаа уште два дена. Дел од нив имаат велат дека имаат закажано неодложни активности во фирмите и службени патувања, па ќе мора да го откажат учеството на пописот.
Во јавното претпријатие „Водовод„ една третина од вработените ќе бидат ангажирани како попишувачи од први октомври. На листата се седумедесет и двајца вработени, меѓу кои и првите луѓе во претпријатието директорот Виктор Божиновски, неговиот заменик Драган Јањевиќ и уште неколку раководители. Имињата на вработените без никаква предходна најава, биле објавени на сајтот на Државниот завод за статистика.
Вчера ми кажаа дека ме има на некаков список. Ниту некој ме прашал, ниту пак официјално ме известил за што се работи, ниту пак имам намера да одам некого да попишувам. Ако сите 72 души отидеме на попис кој ќе работи во фирмата. Ова е невидена глупост и срамота што го прави државата, ангажира луѓе кои веќе имаат работа, а над 30 илјади невработени има само во Куманово. Јас јавно барам на мое место да се стави некој од Бирото за вработување- вели Божиновски.
Денеска во Центарот за култура ќе се одржи птвиот состанок на вработените во администрацијата со луѓето од Државниот завод за статистика кои го водат пописот.