×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Директорите во Советот не го кршат законот

    14.06.2010 08:48 | KumanovoNews

     Реакцијата на Комисијата за спречување на корупцијата за неспоивост на советничките и други функции на локално и централно ниво, го отвори и прашањето за тројцата советници од коалицијата „За подобра Македонија„ во Советот на Општината Куманово, кои истовремено се и директори во државни претпријатија.

    Директорите во Советот не го кршат законот

     Советниците на ВМРО-ДПМНЕ Миодраг Панковски и Глигор Манов се први луѓе во Здравствниот дом и Заводот за здравствена заштита во Куманово, а  Горан Стојковиќ од ДПСМ го води ЈП „Македонија пат„. Нивното поставување е во согласност со законската регулатива и не го прекршуваат законот за судир на интереси.

    Имаме тројца директори кои се и истовремено и членови на Советот на Општината, но нема прекршување на законот. Ние ја проверивме состојбата и утврдивеме дека тие не се именувани од Владата и Собранието, туку од страна на Управните одбори или од повисоките органи на управување во установите и претпријатијата во кои работат. Тоа се коси со децентализацијата и акумулирање на високи политички  функции во една личност на централно и локално ниво и треба да се покрене политичката одговорност, но тоа зависи од моралната и политичка свест на личностите и партиите што ги назначиле - вели Виктор Цветковски, претседавач на Советот.    

     Во овој состав на Советот,  досега оставка поради судир на интерси си поднесе само советникот на СДСМ Сашо Петрушевски, откако беше назначен за директор на ЈП „Чистота и Зеленило„, додека советникот на ЛДП, Драган Јаневиќ го отстапи своето место на вториот на листата Драган Митевски.