×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ѓеорѓиевски: Извојувавме двојна победа во Кумановo

    27.04.2014 20:35 | KumanovoNews

     Од избројаните околу 90 насто од гласовите, ВМРО-ДПМНЕ во Куманово води со над 5000 гласови на парламентарната листа и со близу 1000 гласови на листата за кандидат за претседател во однос на СДСМ , тврдат од партијата.

    Ѓеорѓиевски: Извојувавме двојна победа во Кумановo

    Имаме двојна победа во Куманово и како што кажавме на митингот, Куманово најпосле ја препозна вистинската опција која нуди живот и со полна уста  и со полно срце морам да се заблагодарам на кумановци, што Куманово стана црвено. Тоа е само нивна заслуга. На граѓаните ќе им се одлолжиме со тоа што ќе ги реализираме сите проекти кои ги имаме во програмата, ќе лобираме сите проекти што побрзо да бидат завршени. Со нивна реализација ќе го решиме и најгорливиот проблем во градот, невработеноста. За Куманово доаѓа нова пролет- изјави кандидатот за пратеник Зоран Ѓеоргиевски.

     Пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ и на Градскиот плаштад, членови и симпатизери на партијата ја слават победата. Раководството добриот резулата го прослави со шампањ и кршење на погача. Дел од присутните организирано ќе заминат со автобуси на прославата во Скопје, додека други со автомобили и развиорени знамиња се шетаат низ улиците во градот.