Ѓеорѓиевски: Очекуваме победа во прв круг
24.03.2013 22:45
| KumanovoNews
Кандидатот за градоначалник на коалицијата За подобра Македонија, Зоран Ѓеорѓиевски, вечерва најави дека имаат шанса да победат на изборите уште во првиот круг.

Од досегашните резултати кои стигнаа до нашиот аналитички центар и се преработени, водиме убедливо, очекуваме да се заврши пребројувањето на гласовите за да видиме дали сме победници уште во првиот круг. Во однос на советниците и таму сме во големо водство, во сите избирачки места водиме, некаде повеќе некаде помалку-изјави Ѓеорѓиевски.
На Градскиот плоштад, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, го слават добриот резултат на изборите со шампањ.