×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ѓурѓовден - Празник на пролетта

    06.05.2010 06:51 | KumanovoNews

     Празникот на Св. Георгиј Победоносец - Ѓурѓовден, се празнува секоја година на 6 мај. Тој се смета за најголем пролетен празник што го празнува не само христијаните туку и друго население во Македонија што значи дека се празнува природата и животот.

    Ѓурѓовден - Празник на пролетта

     Св. Георгиј е роден во Кападокија, Мала Азија, од богати, чесни и побожни родители. Уште од детството останал без татко и мајка му заедно со него се преселила во Палестина каде што била родена. Таму го минал детството посетувајќи ги местата во кои Исус го проповедал своето учење и се стекнал со образование. Бил висок, убав и храбар поради што добил висока служба во војската. Подоцна кога умрела и мајака му целиот имот им го поделил на сиромашните.

    Св.Георгиј ги земал во заштита и неправедно прогонетите и верувал во Господ Исус Христос.Поради тоа бил затворен и подложен на најжестоки измачувања со цел да се откаже од своето верување. Но,тој останал истраен во своето убедување, бидејќи Исус го храбрел да издржи, ветувајќи му дека ќе го земе кај себе. Св. Георгиј трпел најсурови мачења.

     На иконата Св. Георгиј е претставен како војвода на коњ како со копје убива ламја, која е под копитата на коњот. И според легендата Св. Георгиј ја убил ламјата што на народот му правела голема штета.

    На Ѓурѓовден се изведуваат многу обичаи сврзани со овој празник. Почнуваат на 5 мај кога се берат врбови гранчиња со кои се закитуваат куќите. Според верувањето гранчињата ги штитат куќите од разни опасности, а нивите и родот од несреќа.

     На Гурѓовден наутро децата со црвено јајце се поминуваат по лицето со зборовите: “Црвено, бело, дебело“, што значи децата да бидат здрави и црвени како јајцето.

    Во кумановско, Ѓурѓовден е домашна слава на многу семејства, а се празнува како селска слава во Табановце, Тромеѓа, Горно Којнаре и др.Празникот особено весело се прославува во ромската населба Средорек.