×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • До 31 јануари сите обврзници да воведат фискала со ГПРС уред

    24.12.2014 08:47 | KumanovoNews

    Обврска да воведат фискален апарат со ГПРС уред, најдоцна до 31 јануари 2015 година, имаат сите даночни обврзници кои вршат промет на добра и на услуги за кои плаќањето се врши во готово.

    До 31 јануари сите обврзници да воведат фискала со ГПРС уред

    Постапката за регистрација на новите ГПРС фискални апарати трае релативно кратко од 10 до 15 минути и се врши електронски од страна на овластениот производител каде обврзникот ја набавил касата.

    “И покрај брзата постапка, а со цел избегнување на метежи, апелираме даночните обврзници да не ги чекаат последните денови пред истекот на рокот 31 јануари. Секој кој не ја извршил обврската за регистрација кај некои од овластените производители тоа да го стори веднаш, бидејќи во наредниот период се очекува голем број на фирми да извршат набавка на нови фискални каси, а дополнително претстојат и новогодишните и божиќните празници“ - велат од УЈП.

    Според последните податоци на УЈП, постапката за регистрација е заокружена за 26.258 фискални каси со ГПРС уред кај 12.591 даночен обврзник.