Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска завршува конкурсот за негователи за помош и нега на стари лица и граѓани со попреченост во Куманово.
Станува збор за проектот „Ублажување на ефектите и последиците од ковид-19 врз најранливите во општеството со посебен фокус на постарите луѓе“, поддржан од Австриското Министерство за труд и социјална политика и Австрискиот Црвен крст, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово
„Се повикуваат сите заинтересирани лица од територијата на Општина Куманово, кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со сертификат државно признат, да аплицираат до 02 ноември 2021 година“, соопштуваат од Црвен крст.
Кандидатите треба се државјани на Македонија, да имаат 18 години, да имаат општа психо-физичка способност за работа, да имаат минимум основно образование, да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица и лица со попреченост, да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени како негуватели во сервисите за нега во домашни услови.
Обуката за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост е бесплатна.
Заинтересираните кандидати можат да се пријават на е-маил: [email protected] тел. 031/424-179