×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • До крајот на годината „Куманово-паркинг“ ќе добие ново пајак возило

    18.03.2021 08:13 | KumanovoNews

    Со пари од Светската банка, Општина Куманово за потребите на ЈП „Куманово-паркинг“, во септември ќе купи ново пајак возило кое ќе се користи за подигање на непрописно паркираните возила, по улиците и јавните површини во градот.

    До крајот на годината „Куманово-паркинг“ ќе добие ново пајак возило

    „Вие како Совет донесовте одлука за купување на новото пајак возило. Што значи дека до крајот на годината ќе ни биде на располагање ново пајак возило“, рече директорот Фадиљ Шабани на вчерашната седница.

    Во моментот пајак службата на ЈП „Куманово-паркинг“, работи со возило кое е подарок од Општина Центар. Предходно претпријатието имаше возило од 1986 година, па откако се расипа и не можеше да се поправи, а претпријатието и Општината немаа пари сами да купат друго побараа донација.

    Со цел да го подобри работењето на јавните претпријатија Општина Куманово ќе подигне кредит во висина околу 1 милион евра кај Светската банка за обнова и развој. Со средствата од овој проект ќе се набави опрема и механизација за претпријатијата. Кредитот е со каматна стапка од 1 отсто, враќањето е на 13 години, со грејс период од 3 години.

    (С.Н.)