Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сопственикот на Детоил,, компанијата што ја купи ФЗЦ Куманово, најавува подобри денови за фабриката и вработените.
„Нашата одлука за влегување во сопственичката структура на ФЗЦ „11 Октомври„ се темели на долгорочни развојни планови. Првата задача ќе биде пуштање на редовно производство кое би обезбедило профит, за плати на вработените и постепено отплатување на долговите, дури потоа би размислувале за развој“,-изјавил за Фактор првиот човек на Детоил, Тони Каранфиловски.
Како што пишуваше Кумановоњус, Детоил пред неколку дена го купи управувачкиот пакет акции на ФЗЦ „11 Октомври„ на јавно надавање по цена од 550,00 денари за една акција.
Вработените од новиот сопственик очекуваат да ја рестартира фабриката и да ги подмири обврските за заостанатите плати и придинеси.
“ Очекуваме добра соработка со новиот сопственик и се надеваме дека фабриката ќе почне да работи со полн капацитет. Ние сме подготвени да работиме, само нека има работа“- велат вработените.
Незадоволни од состојбата во која се наоѓаше фабриката, на крајот на минатата година вработените штрајкуваа десетина дена, барајќи си ги заостанатите плати и придинеси.