Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Палењата на неколку возила и деловен простор пред два дена во Куманово е дело на добро организирана група, кажа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
На новинарско прашање, зошто во инцидентот се опожарени возила и објекти на функционери на ДУИ, кажа дека не сака да претпоставува.
„Имаше претпоставки кои беа споделени во јавноста од различни страни. Можеби станува збор за неиспорачани фактури од минатото, можеби станува збор за подгревање на тензиите, можеби станува збор за сосема трети причини. Моментално мислам дека не би било соодветно да говорам зашто сме во фаза на предистрага“, изјави Тошковски.
На втори декември во раните утрински часови беше запалена фотокопирницата на советникот од ДУИ, Фитор Јакупи и автомобил на јавниот обвинител Џелал Бајрами, како и уште два автомобили.
По минатонеделните инциденти на Денот на албанското знаме во земјата приведени се 18 лица, а четири се во притвор.