Додека го чистел службениот пиштол повредил гостинка од Америка

13.08.2021 23:05 | Сузана Николиќ

Жена се здобила со повреди по телото, откако нејзин роднина ненамерно испукал еден куршум додека го чистел оружјето. 

Додека го чистел службениот пиштол повредил гостинка од Америка

Вчера во 13.00 часот во Кумановската полиција било пријавено дека во Општа болница Куманово била донесена Г.Т.(40) од САД со повреди од огнено оружје. 

По преземени мерки и извршени разговори дојдено е до сознание дека нејзин роднина Ш.М.(30) од с.Оризаре, општина Липково, додека го чистел службениот пиштол, ненамерно испукал куршум и ја повредил.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид извршила екипа на СВР Куманово. 

 

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk