×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Додека кризата вришти, проектите ќе ќутат

    16.11.2011 15:46 | KumanovoNews

     Советниците на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната седница ја обвинија локалната администрација дека подготвува нереални програми за развој на градот, кои подоцна не може да ги реализира поради немање пари.

    Додека кризата вришти, проектите ќе ќутат

     Како пример го посочија одложувањето на изградбата на новата општинска зграда и подземната гаража, како и реконструкција на Занатскиот дом.

    Градоначалникот и локалната администрација прават нереален Буџет,а со тоа и нереални ветувања во оставарување на програмите. Наголем дел од тие програми се нереализирани, бидејќи се нереални. Нашата забелешка е дека и мината година имавме нереални програми и Буџет, кои во оваа година се трансферираа, а сега ќе се пренесат и на наредната година. Имаме многу ветувања, а малку реализација. Се одложува изградба на нови улици, Општинската зграда, подземната улица и гаража во центарот на градот и реконструкција на Занатскиот дом. Овие проекти се од особено значење за граѓаните за да се подобри сообраќајниот хаос во градот- вели советникот Стефан Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ.

    Градоначалникот ги отфрла обвинувањата и смета дека состојбата се политизира, без вистински аргументи. Тој тврди дека дел од посочените проекти ќе се реализираат наскоро, а нивната динамика ќе зависи и од подршката на државата.

    Економската состојба, кризата и незапосленоста е она што го следи овој град во последните 10 години, а особено последните 6 години економската криза вришти на секое ниво. Поради тоа и доцни реализацијата на проектите. Изградбата на општинска зграда е главен проект на локалната самоуправа, но за негова реализација е потребно време. Прво треба да ја дооформиме парцелата каде што ќе се гради, а имаме доста отпор, а потоа мора да добиеме кредит од министерството за финансии. Сите процеси зависат и од Владата, но ние ќе направиме се во овој мандат да го отпочнеме проектот.Во однос на подземната катна гаража, зонското паркирање покажа дека имаме доволно паркинг места во централното подрачје, а во состав на општинската зграда ќе иаме уште нови 600 паркинг места.Затоа нејзината реализација ќе почека подобри времиња- вели градоначалникот Дамјановски.

    Општината нема капацитет сама да ги гради овие капитални инвестици, а излезот го гледа и во јавно-приватно партнерство.