×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Додека копале темел за нов објект на Нагорички сокак паднал ѕидот на соседната продавница

    07.11.2023 11:42 | Оливера Пешевска

    При ископ на темел за изградба на нов објект на улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово, оштетен е соседниот објект во кој се наоѓала продавница. Инцидентото се случил вчера попладне додека маркетот работел, а на улицата имало фреквенција на минувачи и возила.

    Додека копале темел за нов објект на Нагорички сокак паднал ѕидот на соседната продавница

    „На 06.11.2023 во 16.54 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица „Иво Лола Рибар“ во Куманово, при вршење на градежни работи, бил урнат ѕид на продажен објект. Притоа, со повреди се здобиле тројца вработени. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот“, велат од Кумановската полиција.

    Градежните работи се одвивале на приватна парцела која има дозвола за градба, а се вршело ископ на поголема длабочина при што дошло до оштетување, накривување на  еден од сидовите од соседниот стар објект, кој подоцна паднал.  Вработените во маркетот, купувачите и случајните минувачи веднаш реагирале и ги известиле надлежните служби.

    По несреќата реагирале инспекторите за труд и за безбедност и здравје при работа, како и локалниот инспекциски надзор.

    „Она што можам да го кажам е дека е утврдено дека ископ вршело физичко лице со нерегистрирана дејност“, велат од Државниот инспекторат.

    За подетални информации од инспекциските служби за безбедност и здравје при работа мора да се сочека потполно изготвување на записникот.
             
    По пријавата ,  со две возила интеревенирала и Брзата помош на Здравствен дом Куманово.

    „Нема повредени лица, не е интервенирано и нема превоз на пациент до Ургентен центар на Општа болница Куманово. Колегите на едно лице дале средство за смирување, кое било вознемирено и уплашено по настанот. Други интервенции не се направени“, изјави д-р Марјан Спирковски, началник на Итната медицинска помош.

    Местото од вчера го обезбедува полицијата, а улицата и денеска е затворена за сообраќај.