×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наградени најдобрите ученици од литературниот и ликовен конкурс по повод Месецот на книгата

    15.11.2023 14:24 | Оливера Пешевска

    Завршната манифестација по повод Месецот на книгата се одржа денеска во Занатечискиот дом во Куманово, на која беа доделени наградите и признанијата на учениците кои учествуваа на литературниот и ликовен конкурс. 

    Наградени најдобрите ученици од литературниот и ликовен конкурс по повод Месецот на книгата

    Манифестацијата и конкурсот ги организираше Градската библиотека „Тане Георгиевски“од Куманово за учениците  од основните и средни училишта.

    „Имаме добиено над 100 литературни творби и околу 60 ликовни творби, што е прилично добар одѕив. Повеќе дела се пријавени во однос на минатата година. Се одржа и 20-тиот натпревар за Млади библиотекари, каде победник е Јован Станковиќ, од Кочо Рацин.Тој ќе ја претставува Градската библиотека на републички натпревар, за кој ќе имаме чест да се одржи во Куманово во мај 2024 година“, изјави директорката Христина Алексовска.

     Од средните училишта прва награда за прозно дело доби: Симона Стојановска, СОУ "Гимназија Гоце Делчев", второпласирани се Стефанија Мартиновска, од "Перо Наков" и Андријана Јакимовска, "Наце Буѓони", а на третото место се наоѓаат Мартина Трајановска и Викторија Стојановска, двете од "Наце Буѓони" и Моника Крстиќ  од "Перо Наков".

    За поезија, пак, првонаграен е Матеј Јовановски, ученик во "Перо Наков“, втори се гимназијалеците Ален Милковски и Јована Лазаревска, а награди за трето место добија Мила Денчиќ од економското „Перо Наков“ и Јована Златановска и Ева Стојковска од „Гоце Делчев“.

    Од основните училишта најдобар расказ напиша Сара Стефановиќ, од "Карпош" с.Умин Дол, на второ место е Александра Петковска од истото училиште и Ана Марија Стефановска од "Кочо Рацин", додека на трето место се пласирани Миа Лазаревска и Каја Камелија Колев од "Магдалена Антова". На натпреварот по поезија најуспешни се: на прво место Ангел Бојковски од "11-ти Октомври", второ место Стефани Спасовска,од "Браќа Миладиновци" и Ана Стевановиќ,ученик во "Христијан Карпош".Третопласирани се Мелани Ангеловска ,"Карпош" с.Умин Дол,Софија Салтировска,од "Кочо Рацин" и Лела Пандиловска ,од "Вук Караџиќ".

    Месецот на книгата трае од 15 октомври до 15 ноември, и во текот на овој период библиотеката „Тане Георгиевски“ спроведе повеќе активности, посети на најмалите дечиња од Градинката „Ангел Шајче“, работилници со ученици од основните училишта, второоделенчињата бесплатно се запишаа во библиотеката, поетско читање на роднокрајни автори заедно со членови на Kнижевен клуб Куманово.