×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Доделени сертификати за успешно завршена обука во Центарот за вработување во Куманово

    22.09.2023 20:24 | Оливера Пешевска

     На 27 невработени лица од Куманово, кои успешно ја поминаа обуката за побарувани занимања денеска им беа доделени сертификати од Центарот за вработување. Две лица се веќе се вработиле што ја докажува успешноста на мерката и големата заинтересираност и кај невработените, но и кај работодавачите.

    Доделени сертификати за успешно завршена обука во Центарот за вработување во Куманово

    „Годинава програмата предвидуваше обуки за службеник во сметководство, која успешно ја завршија 10 лица, а фризерски курс на кој се обучуваа пет лица во студио „Нате“. Успешно ја завршија обуката за компјутерски системи и мрежи и за дигитален маркетинг. Обуката беше во траење на 3 месеци, од кои првите 2 се спроведуваше теоретска настава, а во последниот месец се спроведуваше практичниот дел. Посетителите на програмата се здобија со соодветни сертификати, признаени на пазарот за труд и на овој начин стануваат поконкурентни, односно полесно можат да додат до посакуваното работно место“, изјави раководителката на Центарот за вработување Марија Димитриевска.

    За кои занимања ќе се организираат ваквите обуки зависи од анкетите кои Агнецијата за вработување ги спроведува секоја година во текот на месец октомври и тоа според тоа кои се плановите на работодавачите, какви се нивните потреби и од каков квалификуван кадар имаат потреба, а зависи и од самите провајдери-обучувачи кои мора да имаат верификувана програма за обука.

    Службеник во сметководство е едно од најбараните занимања на пазарот на труд моментално, според анализите секој втор оглас што излегува е за таа позиција. Ваквите активни мерки преку преквалификација и доквалификација и ќе обучат кадри кои ќе можат да се пријават на отворените огласи на пазарот на труд.

    „Овие сертификати се прифатени од работодавачите, посебно во слободните економски зони, но тоа го потврдуваат и информациите што ги имаме од претходните години, има доста вработени лица. Што значи дека ваквата мерка има ефект и ги надополнува потребите на пазарот на труд, а и оние што ги посетуваат обуките се стекнуваат со компетенции и вештини, како и практични знаења со кои што можат веднаш да се вклучат во процесот на работа“, истакна професор Фросина Николовска,обучувач од Еуро колеџ Куманово.

    Во Центарот за вработување во Куманово апелираат до сите невработени лица активно да се вклучат во процесот на барање на работа и во активните програми и мерки, и да бидат проактивни во процесот на барање на работа. Центарот за вработување им стои на услуга за да стигнат до посакуваното работно место.