×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дојави за бомби има, но нема индиции за нарушување на безбедносната состојба, вели Спасовски

    15.12.2022 14:21 | Сузана Николиќ

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека и покрај дојавите за бомби во моментов нема индиции за нарушување на безбедносната состојба.

    Дојави за бомби има, но нема индиции за нарушување на безбедносната состојба, вели Спасовски

    „Има постојано штаб којшто работи на оваа проблематика и веднаш не само Одделот за дигитална форензика, туку и сите меѓународни партнери се известуваат во однос на сите овие дојави коишто ги имаме – ги споделуваме информациите и податоците коишто ги имаме со цел за да добиеме помош ако, еве во конкретниот случај што беше со Швајцарија, имавме и САД, имавме Хрватска итн“, изјави министерот Спасовски.

    Тој додаде дека најчесто станува збор за ВПН конекции и дека не може да се добие една ИП адреса точно од каде е, туку се појавуваат илјадници ИП адреси во светот.

    „Таму каде што има можност да се утврди ги утврдуваме. Таков беше случајот со Скопје. Сега сме веќе на пат и многу блиску да се расчисти целиот случај и во општина Кавадарци така што се преземаат сите можни мерки. Секторот за меѓународна полициска соработка е постојано во комуникација, Интерпол, Европол итн., и постојано се работи на овој дел“, рече министерот.

    Спасовски очекува деновиве да се одржи и Советот за координација на безбедносно разузнавачките служби на којшто ќе треба да се разменат сите податоци.

    Тој вели дека станува збор за хибридна војна и дека вакви дојави со речиси ист текст на пораките стасува и во други земји.