×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Доктори од Ниш работеле 12 викенди без плата, ги решиле чекањата: „Парите не се најважни“

    10.04.2023 17:14 | KumanovoNews

    По речиси 100 дена и 12 последователни викенди во текот на кои персоналот на Клиниката за кардиохирургија во Ниш работел без паричен надомест, листите на чекање во оваа клиника повеќе не постојат, објави директорот на клиниката д-р Драган Милиќ. Вели дека сега во оваа установа постојат само листи на закажување.

    Доктори од Ниш работеле 12 викенди без плата, ги решиле чекањата: „Парите не се најважни“

    „По речиси 100 дена работа и 12 последователни работни викенди целта што ја постави нашата Клиника за кардиохирургија УКЦ Ниш да се елиминираат сите листи на чекање за кардиоваскуларни операции е остварена. Листи на чекање од денес на нашата клиника не постојат и ниеден пациент кој ќе ја мине анестезиолошката амбуланта нема да чека операција подолго од 5 до 15 дена. Од утре клиниката се враќа во редовниот режим на работа“, напиша тој на Фејсбук, а пренесува мкд.мк.

    „Листата на чекање со 149 болни на почетокот на оваа година премина во листа на закажување на која сега се наоѓаат 42 пациенти! Операциите кои минатата година се чекаа 2-4, а некогаш и 6 месеци повеќе нема да се чекаат“, кажа д-р Милиќ.

    Наведе дека во 100 дена биле извршени вкупно 248 операции, додека минатата година во исто време биле извршени 117.

    „Само во март оваа година беа направени неверојатни 98 операции! Бројот на хоспитализирани болни во првите 3 месеци минатата година беше 145, а оваа дури 353! Бројот на амбулантни прегледи во периодот јануари-март изнесуваше 3.014, а минатата година 1.467“, напиша тој.

    (фото. мкд)

    Истакна дека во однос на минатата година се удвоил бројот на операции, прегледи и хоспитализации.

    „Само стапката на смртност остана иста – под 2 отсто (1,98 отсто) вклучувајќи ги итните случаи. Никој од пациентите кои беа оперирани за време на викендот не почина (имаше сомнеж дека за викенд се губи концентрацијата во работата па и дека со тоа опаѓа квалитетот на работата)... Оваа претпоставка не се покажа како точна“, напиша Драган Милиќ.

    „Горд сум на целокупниот персонал на клиниката кој упорно и пожртвувано го издржа ова екстремно силно темпо на работа и го исполни ветувањето дека ќе ги елиминира листите на чекање. Бидејќи работата за викенд не беше платена докажа дека постојат поважни работи од парите – а тоа е грижата за пациентот. Грижата за оние луѓе со кои живееме, кои можеби ги сретнуваме во градот а не сме ни свесни дека им е потребна помош“, порача директорот на клиниката во Ниш.