×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Донирани 15 компјутери во „Наце Буѓони“ за социјално ранливите категории - акцијата продолжува

    12.12.2020 15:14 | KumanovoNews

    Околу петнаесетина компјутери, беа собрани во хуманитарната акција којашто ја започнаа учениците од Техничкото училиште „Наце Буѓони“, за да им помогнат на нивните соученици од социјално ранливите категории кои имаат проблеми со следење на онлајн наставата.

    Донирани 15 компјутери во „Наце Буѓони“ за социјално ранливите категории - акцијата продолжува

    Акцијата започна во понеделникот, а од училиштето размислуваат да се продолжи и понатаму, со оглед на тоа што има ученици коишто и покрај оваа донирана бројка ќе останат без потребниот електронски уред за следење на наставата.

    „Во план сме оваа акција да ја продолжиме до Нова Година, а можеби и понатаму, затоа што за ова кратко време не успеавме да собереме онолку уреди колку што очекувавме. Јас, искрено, очекував дека ќе собереме барем педесетина, а имаме околу петнаесетина компјутери. Имаме и дел од компјутери коишто се донесени, а имаат проблеми со рам меморијата, кај некои друг не им работи графичката картичка итн. Меѓутоа, во училиштето имаме една група на техничка поддршка од ученици водена од професорот Ненад Ставревски, коишто од понеделник започнуваат со проверка и поправка на сите уреди доколку е потребно, а веруваме и дека ќе треба нешто да се докупи. И потоа со службата од училиштето да ги распределиме електорнските уреди“, вели Катерина Ѓорѓиевска, професорка по машински предмети во техничкото училиште, којашто е задолжена за акцијата којашто се споредува.  

    Професорката Ѓорѓиевска, додава и дека во акцијата биле донирани и постари телефони, за кои не се сигурни колкав дел од нив би можеле да ги искористат, со оглед на тоа дека дел од нив не ги задоволуваат основните потреби за да можат да се инсталираат потребните апликации како Мicrosoft Teams, Power Point, Word или Еxcel, коишто им се потребни на учениците за исполнување на потребите за онлајн наставата.

    Во училиштето во просек од два до три ученика во паралелката имаат проблеми за следење на онлајн наставата поради електронски уред, меѓутоа тука не спаѓа и бројот на учениците коишто не можат да следат настава затоа што немаат електрична енергија или пак интернет.

    „Генерално во просек два до три ученика имаат потешкотии за следење на настава поради електронски уред, но зборувам за оние ученици кои имаат проблем со уред, тука не спаѓа и бројот на ученици коишто имаат проблем со струја или пак со интернет за следење на настава. Во мојот клас од триесет ученици коишто ги имам, во просек од четири до пет ученика се отсутни и тука конкретно ми се јавуваат родителите и ми ги кажуваат причините, односно реалните проблеми. Се надевам дека со оваа акција ќе им обезбедиме електронски уреди на учениците коишто немаат и ќе им овозможиме подобар пристап до наставата“, додава таа.

    Од училиштето се надеваат дека преку оваа акција ќе соберат и поголем број на електронски уреди како што се смарт телефони, компјутери, лаптопи или пак таблети, кои што откако ќе ја задоволат бројката на учениците од нивното училиште на кои им е потребен електронски уред, ќе ги донираат и на помалите училиштат, како и на основните училишта од градот.

    (Ф.Марковска)                                                                                      (фото: архива)