Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Уметничката галерија во Куманово утре во 19 часот ќе биде отворена изложбата на слики „Допирање души“ на нашата сограѓанка Биљана Јовчевска, сликар самоук.
Изложбата е збирка од триесетина слики со мотиви на природата, работени во акрил на платно, создадени во последните неколку години.
За творечкиот опус на Јовчевска ќе зборува академскиот уметник Александар Стефановски.
Изложбата се организира со поддршка на градоначалникот на Куманово и Музеј Куманово.