×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДПА бара рамномерен развој на градот

    07.02.2012 14:20 | KumanovoNews

     Советникот на ДПА Халил Куртиши бара од локалната власт, градот рамномерно да го развива, а да се фаворизираат поедини населени места за сметка на други.

    ДПА бара рамномерен развој на градот

    Своето незадоволство Куртиши го искажува и со бојкот на работата на Комисијата за урбанизам и Комисијата за еднакви можности на половите при советот на Општината Куманово.  

    Поради тоа што нема критериуми во работењето на комисиите јас повеќе не сакам да сум дел од нив. Исто така не сум задоволен од дискриминаторската политика што се води во општината Куманово. Се инвестира само во источниот дел на градот на сметка за западниот, каде што живејат претежно албанско население. Јас не сум против да се инвестира таму каде што живејат и Македонците, но барам инвестициите да распоредуваат пропорционално. Ако градоначалникот го претставува целиот град тогаш треба и подеднакво да ги распоредува сретствата- вели Куртиши.

      Тој бара да се започне да се гради  кеј на реката Кумановка кај стариот Градски парк и да се продолжи булеварот „Октомвриска револуција„ за да се намали сообраќајниот хаос во градот. Ако не се сменат работите, тој најавува дека неговата партија ќе бара градот да се подели на општини, по примерот на Скопје.