×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДПСМ: СДСМ не може да прежали што не сме коалициони партнери

    28.07.2013 09:29 | KumanovoNews

     По вчершната прес конференција на СДСМ на која се критикуваше назначувањето на Миодраг Јовановиќ за директор на Кумановска пошта, со соопштение се огласи Демократската партија на Србите во Македонија.

    ДПСМ: СДСМ не може да прежали што не сме коалициони партнери

    Поентата на прес конференцијата на СДСМ не беше напад врз Владата на ВМРО–ДПМНЕ, туку напад на ДПСМ како негов коалиционен партнер. Сакаме да појасниме дека сите овие напади и приземни квалификации нема да не поколебаат во нашата политичка борба. Целта на СДСМ не е раководителот на ПЕ Македонски пошти Куманово, туку како да се ослаби позицијата на ДПСМ не само во рамките на коалиција За подобра Македонија, туку по последните политички успеси и во Република Македонија. СДСМ веќе 5 години не може да прежали што ДПСМ не само што не е негов коалиционен партнер, туку и дека немаат партнери од српската заедница во политичкиот живот на Македонија, затоа што сите ги прочитаа нивните валкани политички игри кон српската заедница во РМ.- се вели меѓу другото во соопштението на ДПСМ.

                                                                                (фото архива)